Дома Фудбал Шкендија го доби дербито со Вардар, Гостивар подобар од шампионот Струга

Шкендија го доби дербито со Вардар, Гостивар подобар од шампионот Струга

Вардар со пораз го започна вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако на Националната арена „Тодор Проески“ загуби со 1-2 од Шкендија во возбудлив натпревар исполнет со драматични моменти.

Првото полувреме помина без погодоци, иако двете екипи создадоа неколку шанси за отворање на резултатот. Сепак, резултатската рамнотежа беше нарушена во 54. минута, кога искусниот Бесарт Ибраими со прецизен удар ја затресе мрежата на Вардар, носејќи водство за Шкендија.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Скопскиот тим доби можност за израмнување во 65. минута, откако Трумчи направи прекршок во шеснаесетникот, по што судијата досуди пенал. Закариќ шутираше, но голманот Амзаи го одбрани неговиот обид. Меѓутоа, по сигнализација на помошниот судија дека голманот ја напуштил гол-линијата пред ударот, пеналот беше повторен. Од вториот обид, Закариќ беше прецизен и го испрати чуварот на мрежата на погрешната страна, носејќи 1-1.

Сепак, радоста на Вардар траеше кратко, бидејќи Шкендија брзо врати со нов погодок. Во 72. минута, Тамба со одличен удар успеа да го совлада вардаровиот голман, поставувајќи го конечниот резултат 1-2 во корист на тетовскиот состав.

Во друг натпревар од колото, Гостивар приреди изненадување, совладувајќи го актуелниот шампион Струга со 1-0. Клучниот момент се случи во 96. минута, кога беше досуден пенал за домашниот тим, а Потук беше сигурен реализатор, носејќи значајна победа за Гостивар.

Резултати:

Гостивар – Струга 1-1
Пелистер – Брера Струмица 0-0
Шкупи – Работнички 2-0
Силекс – Тиквеш 1-1
Вардар – Шкендија 1-2
Воска Спортс – Беса 2-0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија Дортмунд во четвртфинале

По успешниот двомеч со Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд се пласираше во осминафиналето …