
Најдобрите европски клубови разговараа за користење на шест измени по натпревар за да се намали оптоварувањето на играчите, пренесоа денес британските медиуми.
Клубовите се состанаа минатата недела во Рим на генералното собрание на Европската асоцијација на фудбалски клубови (EFC) за да разговараат за прашањата во спортот, пренесе Би-Би-Си (BBC).
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Прашањето не беше официјално на дневен ред ниту го поттикна EFC, но клубовите водеа неформални приватни разговори за користење екипи од 28 играчи, во споредба со сегашните 25, и користење на шест измени.
Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), кој ги донесува правилата во фудбалот, би требало прво да препорача какви било измени и не е јасно дали ќе има измени. Правилото за пет измени беше воведено во Премиер лигата во 2020 година, кога се продолжија фудбалските натпревари по прекинот поради пандемијата на коронавирусот.
Лигата во сезоната 2020/2021 ги врати трите измени, пред да се изгласа воведувањето на пет измени од сезоната 2022/2023. Се смета дека со воведување на три дополнителни играчи во екипата може да се намали оптоварувањето на играчите по заканите за штрајкови.
Минатата сезона фудбалерот на Тотенхем, 19-годишниот Арчи Греј, беше во екипите на 80 натпревари за репрезентацијата и клубот, вклучувајќи ги и пријателските натпревари, што е најмногу во Европа заедно со 20-годишниот играч на Реал Мадрид Арда Гулер.