
Денвер го отпушти Мајк Мелоун по десет години, и покрај тоа што во 2023 година го донесе првиот шампионски прстен во Колорадо. Како што може да се чуе, атмосферата во соблекувалната на Нагетс беше лоша веќе некое време, а и Никола Јокиќ беше фрустриран заради недостиг на залагање, додека исто така постоеше конфликт помеѓу Мелоун и генералниот менаџер Кевил Бат, кој исто така доби отказ.
Одлуката сепак ги изненади многумина, бидејќи ретко се случува клубовите да го отпуштат тренерот и генералниот менаџер на три натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната, особено кога сте во плејофот. Во моментов, Денвер е на четвртото место и може да скокне до третото или да падне на осмото, но очигледно Џош Кроенке не сакаше да го „преземе тој ризик“ и да ја донесе одлуката врз основа на резултатите, што не е баш типично во НБА лигата.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Затоа тоа му пречеше и на легендарниот Шекил О’Нил, кој беше многу остар кон Денвер: “Искрено, би сакал ова да беше направено малку професионално”, рече во живо во програмата кога стигнаа вестите.
„Мајк Мелоун е најуспешниот во историјата на Денвер, освои титула, а можеше и уште една сезонава. Потенцијално можеше. Мора да имате предност на домашен терен и сега ја имате во овој момент. Затоа, порака за сите вас идиоти таму што мислите дека сè мора да оди мазно за да освоите титула – тоа не е точно”, нагласи Шекил.
Фото: Принтскрин