Дома Фудбал Шчесни за неговата иднина во Барселона: Во неколку месеци сè се промени

Шчесни за неговата иднина во Барселона: Во неколку месеци сè се промени

Војчех Шчесни на почетокот на октомври потпиша договор со Барселона откако сериозно се повреди Марк-Андре тер Стеген, а призна дека ни самиот не очекувал што ќе се случува само неколку месеци подоцна.

Полскиот голман не бранеше во првиот дел од сезоната воопшто, но на почетокот на 2025 година Ханси Флик му даде шанса која целосно ја искористи, и затоа доби место како прв голман до крајот на оваа сезона.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Шчесни стандардно брани веќе два месеца, и поради тоа го промени мислењето во врска со евентуалниот останок, бидејќи покажа дека е заинтересиран да го продолжи договорот ако Барселона му понуди таков.

„Да ме прашавте по доаѓањето во Барселона дали ќе останам и следната сезона овде, ќе кажев дека на лето сигурно го напуштам клубот. Меѓутоа, навистина уживам овде. Семејството ми е пресреќно, на син ми му се допаѓа училиштето, сопругата ужива, така што сега сум отворен за сите опции“, рече Шчесни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе го финализира трансферот на Калулу

Јувентус одлучи да го откупи договорот на Пјер Калулу, кој претходно беше на позајмица од …