Дома Фудбал Шчесни како никој друг голман на Барселона уште од 2003 година!

Шчесни како никој друг голман на Барселона уште од 2003 година!

Полскиот голман Војчех Шчесни синоќа имаше натпревар од соништата во победата на Барселона со резултат 1:0 против Бенфика во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампиони.

Иако победничкиот гол го постигна Рафиња, навивачите на Барселона и фудбалскиот свет го слават голманот на Каталонците кој маестрално ја издржа канонадата која стрелците на Бенфика ја пуштија спрема него.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Португалскиот клуб од 22. минута имаше еден играч повеќе откако на Барселона и беше исклучен стоперот Пау Кубарси, па Бенфика го опсипа голот на Шчесни со 26 удари, од кои осум беа во рамката на голот.

Меѓутоа, Полјакот беше непобедлив и ги одбрани сите, а неколку одбрани постигна по удари од непосредна близина.

Тоа беше рекорд за бројот на одбранети удари од голман на Барселона во Лигата на шампиони од 2003 година, како што објавија статистичарите.

Да потсетиме, Шчесни сосема неочекувано стана голман на Барселона која практично го извлече од пензија откако се повреди првиот чувар на мрежата Марк-Андре тер Штеген.

За дебито на Барселона чекаше дури три месеци, до јануари оваа година, а два месеци подоцна е херој на Барселона која со него на голот е на прагот на четвртфиналето на Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алисон е најдобриот играч оваа недела во Лигата на шампиони

Голманот на Ливерпул Алисон Бекер денеска е прогласен за најдобар играч на Лигата на шампи…