Четирикратен светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, по завршувањето на сезоната зборуваше за англискиот Mirror, а неговиот одговор на едно прашање особено ги привлече фановите.
Англичаните го прашаа Макс за кого навива, а неговиот одговор ги изненади и насмеа фановите бидејќи истакна два клуба кои се најголеми ривали во Англија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истакна дека е навивач на Манчестер Јунајтед, но и дека се радува на победите на Ливерпул, инаку неговиот децениски голем ривал.
“Привлечноста на Манчестер Јунајтед под водство на Алекс Фергусон беше клучна за мене. Дружењето со холандските играчи како што се Руд Ван Нистелрој и Робин Ван Перси беше клучно. Кога ќе станете навивач, поцелосно се внесувате во историјата и достигнувањата на клубот. Таа приказна е неверојатно инспиративна”, рече Холанѓанецот, кој се надева на подобра иднина за Црвените Ѓаволи со новиот тренер Рубен Аморим.
Потоа спомна и Ливерпул како клуб за кој навива и чии победи го радуваат, како и Барселона.
“Не сум од оние што мразат други клубови. Му се восхитувам на играта на Вирџил ван Дајк и Коди Гакпо и кога победуваат со Ливерпул тоа ме прави среќен. Имаат импресивни резултати. Јас сум исто така навивач на Барселона, така што не се работи за тоа да ги мразам противниците, туку да го ценам добриот фудбал”, порача Верстапен и ги спои неспоивите.
Да потсетиме, Макс до четвртата последователна титула стигна со 437 освоени поени во неодамна завршената сезона, завршувајќи пред првиот следбеник Ландо Норис (374 поени).