
Во португалскиот град Гондомар се одржа последното проштално збогување на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа.
Емотивното збогување го одбележаа бројни личности од фудбалскиот свет, но и отсуството на еден од најпознатите Португалци – Кристијано Роналдо.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Неговото непојавување на церемонијата предизвика поделени реакции кај јавноста. Додека некои очекуваа дека легендарниот капитен на репрезентацијата ќе присуствува и ќе им оддаде почит на поранешните соиграчи, други застанаа во одбрана, наведувајќи причини од посебна природа.
Според написите во португалскиот весник Record, Кристијано Роналдо веќе речиси две децении избегнува да присуствува на јавни погреби. Причината е лична траума од 2005 година, кога го загуби својот татко. Тој настан, придружен со огромно медиумско внимание, остави длабока трага на него и неговото семејство.
Сестрата на Роналдо, Катија Авеиro, се огласи по повод ова на социјалните мрежи:
“Кога го загубивме татко ни, медиумите нѐ притискаа додека во капелата се простувавме во тишина. Одтогаш Кристијано избегнува погреби – не од непочит, туку од лична болка и траума која никогаш не ја излечи”, напиша Катија.