Дома Фудбал Сериозен проблем за Аморим: Фернандеш е повреден!

Сериозен проблем за Аморим: Фернандеш е повреден!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, може да биде отсутен извесно време откако се повреди за време на вчерашниот натпревар во Премиер лигата против Астон Вила.

Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека Фернандеш се здобил со повреда на “меко ткиво” во првото полувреме на натпреварот на Вила Парк. Астон Вила извојува победа со 2:1.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


“Мислам дека се работи за повреда на меко ткиво, па ќе биде потребно време. Ќе видиме… Мислам дека ќе пропушти неколку натпревари, но не сум сигурен. Не сакам да зборувам премногу за тоа, тој е момче кое секогаш е во форма и покажал дека брзо се опоравува,” рече Аморим.

Фернандеш играше до крајот на првото полувреме, а на почетокот од второто полувреме го замени Лисандро Мартинес.

Јунајтед и онака е без Брајан Ембеума, Амад Дијало и Нусер Мазрауи кои учествуваат на Купот на африкански нации. Аморим се соочува со намалени опции, бидејќи и Коби Мејну се повреди на тренингот. Дури и пред повредата на Фернандеш, Аморим изјави дека отсуството на Мејну е на лош тајминг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола ги предупреди фудбалерите: На кого ќе му се случи тоа нема да игра!

По минатогодишната сезона, која беше најслабата за Пеп Гвардиола од кога тој е на кормилот…