
Во Серија “А” сè уште немаат подготвен план ако актуелниот шампион Интер успее да ја освои титулата во последното коло на првенството, пишува “Газета дело спорт”.
Како што е познато, лидер на табелата е Наполи со 79 поени, но само со еден повеќе од “нераѕурите”, кои се на втората позиција. Затоа двете екипи ќе ги играат своите натпревари во исто време во петок со почеток во 21:45 часот по македонско време. “Партенопеите” се домаќини на Каљари, а Интер гостува на Комо.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Во вакви случаи, кога шампионот се открива дури во последното коло на првенството, обично постои организација за сите можни сценарија. Така, на пример, при триумф на Наполи, играчите на тимот ќе го добијат шампионскиот трофеј и своите златни медали веднаш пред своите навивачи на стадионот “Диего Армандо Марадона”.
Интер, како втор во привремената табела, не може да смета дека трофејот ќе ги очекува во Комо, ако завршат на првото место по натпреварите во петок. Сепак, не е предвидена никаква свечена церемонија на “Џузепе Синигалија” дури и при титула на Интер.