
Приказната за продажба на Севиља трае веќе неколку месеци, но последните денови на старата и првите денови на новата година стигнуваат интересни вести на оваа тема.
Во целата приказна сега се појавува и легендарниот дефанзивец Серхио Рамос.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Рамос играше за Севиља пред да премине во Реал Мадрид, каде што изгради статус на легенда. Од Реал си замина во Пари Сен Жермен, а потоа повторно се врати во Севиља, каде одигра една сезона пред да се пресели во Монтереј. По заминувањето во Реал, имаше доста комплициран однос со навивачите на Севиља, но тоа значително се подобри во вториот мандат.
Сега, името на Рамос се спомнува во приказната за продажба на клубот.
А се чинеше дека американски конзорциум е многу заинтересиран да го преземе клубот. Групата ја предводат Антонио Лапи и Феде Квинтеро кои би го воделе клубот. Приказната отиде до таква граница што беше најавено дека дуото би можело да го врати легендарниот спортски директор Монќи во клубот.
Меѓутоа, кога детално се прегледа целата финансиска документација, конзорциумот ја намали понудата од 3.400 евра по акција на 2.700 евра.
Тоа доведе до прекин на преговорите и првите приказни дека малцински сопственик би можел да стане токму Рамос.
Меѓутоа, Кадена Копе тврди дека Рамос всушност собира своја група инвеститори за целосно да го преземе клубот и дека веќе испратил официјална понуда.
Рамос моментално е без клуб, но не објави официјално дека донел одлука да се пензионира. Тоа наведе медиумите на шпекулации дека би можел да му помогне на клубот и на теренот ако стане негов сопственик.
Севиља моментално е на 10-то место на табелата на Ла Лига со 20 бодови, има скор од шест победи, два нерешени натпревари и дури девет порази.