Многумина од вас веројатно никогаш не слушнале за шпанскиот град Барбастро, кој има 17.000 жители и се наоѓа во провинцијата Уеска.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вчера неговото име силно одекна во Шпанија благодарение на фудбалот, бидејќи Фудбалскиот клуб Барбастро го победи Еспањол како домаќин со 2:0 и се пласираше во шестнаесетфиналето на Купот на Кралот.
Вистинска сензација ја најави Андрес Барера, кој во 55. минута постигна гол од пенал, а потоа погоди и во 82. минута.
Барбастро инаку се натпреварува во четвртиот ранг на шпанскиот фудбал, а таму во втората група е на претпоследното 17-то место на табелата.
На Еспањол му останува да се бори за опстанок во најсилната лига на Шпанија во понатамошниот тек на сезоната, но ова е навистина удар од кој тешко се опоравува…