
Како што пренесуваат италијанските медиуми, менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, од летово би можел да се врати во Италија.
Поранешниот фудбалер на Рома и Бреша сега е во прв план како нов селектор на репрезентацијата на Италија која по трет пат по ред не успеа да се пласира на Светското првенство што оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Досега се споменуваа Антонио Конте, Роберто Манчини и Масимилијано Алегри, но според пишувањата на медиумите на Апенините, Гвардиола сега е во пол позиција за таа улога која нема да биде нималку лесна.
Тежок предизвик го очекува Гвардиола, а јавниот притисок е веќе огромен.