
Српскиот голгетер Александар Митровиќ би можел повторно да се врати на европската фудбалска сцена, откако медиумите во Шпанија пренесуваат дека новиот стратег на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, ја разгледува можноста за негов ангажман.
Алонсо, кој неодамна седна на клупата на „кралевите“, побарал од раководството на клубот да донесе засилување во офанзивниот дел на тимот. Меѓу имињата кои се наоѓаат на списокот на потенцијални засилувања, покрај Митровиќ, се споменуваат и Анте Будимир и Патрик Шик.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Митровиќ, кој во моментов има 30 години и настапува за Ал Хилал, игра во одлична форма и се истакнува со својата ефикасност и физичка надмоќ, особено во воздушните дуели. Токму неговата голгетерска статистика во дресот на клубот од Саудиска Арабија го направила интересна опција за Алонсо.
Фото: Принтскрин