Дома Фудбал Сензација во шкотскиот Лига куп: Сент Мирен го собори Селтик за втор трофеј во 21 век

Сензација во шкотскиот Лига куп: Сент Мирен го собори Селтик за втор трофеј во 21 век

ФУДБАЛЕРИТЕ на Сент Мирен го освоија шкотскиот Лига куп по вторпат во својата историја, совладувајќи го актуелниот шампион Селтик со 3:1 во финалето пред 49.900 гледачи. Тимот од Пајсли, кој претходно го освои овој куп во 2013 година , сега го обезбеди својот втор трофеј во 21 век.

Клубот сместен 17 километри западно од Глазгов, започна со водство уште во втората минута преку Маркус Фрејзер. Рио Хатате изедначи во 23. минута, но Јона Ајунга во 64. минута повторно ги донесе напред Сент Мирен. Кениецот го запечати триумфот со својот втор гол во 76. минута.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Разочарани навивачи на Селтик се собраа пред стадионот по натпреварот, протестирајќи против управата на клубот поради поразот. Ренџерс го држи рекордот со 28 титули од Лига купот, додека Селтик досега триумфирал 22 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на македонски клуб од Австралија меѓу жртвите во пукањето во Сиднеј

Македонскиот тим од Австралија, Рокдејл Илинден, со длабока тага ја информираше јавноста д…