
Возачот на Мерцедес во Формула 1, Џорџ Расел, разговараше со новинарите за состојбата на пазарот и договорите во овој популарен спорт.
Договорот на Расел истекува на крајот од сезоната, а веќе се зборува за потенцијална замена со Ред Бул, каде што Ферстапен би стигнал во Мерцедес, а Расел би отишол во Ред Бул.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Голем број на возачи во Формула 1 имаат повеќегодишни договори, а Расел го очекуваат преговори за обновување на истиот.
„Кога Лис беше овде, никогаш не се разговараше за договорите пред јуни или дури јули. Секогаш се дискутираше за тие работи во лето. Тоа не е нормално. Многу возачи толку рано потпишуваат долгорочни договори. Чувствувам дека возачите се врзани со договор и размислуваат за финансиската иднина и помалку веруваат во себе потоа. Ако имаш договор, а не возиш добро, тие ќе те заменат и тоа е факт. Само резултатите се важни. Ако возиш добро, сè ќе биде во ред. Луѓето менуваат работи кога не се задоволни. Затоа мислам дека летово ќе биде интересно“, кажа Расел за Атлетик.
Фото: Принтскрин