Дома Фудбал Останато Сензација: О’Саливен прегазен во полуфиналето од Светското првенство – го победи Кинез кој нема ранкинг!

Сензација: О’Саливен прегазен во полуфиналето од Светското првенство – го победи Кинез кој нема ранкинг!

Феноменалниот кинески играч на снукер Жао Синтонг се квалификуваше за финалето на Светското првенство откако го победи Рони О’Саливан во полуфиналето со резултат 17:7 и така го постигна најголемиот успех во својата кариера.

О’Саливан испадна од официјално аматерски играч. Сепак, Синтонг нема ранг и не е професионалец затоа што одработи забрана од 20 месеци поради вмешаност во афера и коцкарски скандал во Кина.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Сепак, забраната му истече, а Синтонг се врати како еден од најдобрите во светот. Тоа го потврди уништувајќи го најголемото име во историјата на снукерот во полуфиналето на Светското првенство, со што го постигна и најголемиот успех во својата кариера.

Младиот Синтонг одигра врвно, изгледаше како тој да е тој што има седум светски титули, а не О’Саливан, и својот славен ривал го спречи да стигне до завршната сесија денес бидејќи беше толку убедлив со 17:7, па денес не се требаше ни да се игра.

Интересно, по завршувањето на првата сесија со резултат 4:4, Жао наниза осум фрејмa по ред и стигна до голема предност од 12:4 пред третата сесија синоќа.

Таму ја заврши работата и се доближи еден чекор до историјата, а тоа е Кина да го добие својот прв светски шампион. Пред Жао Синтонг, единствениот Кинез кој бил во финале на Светското првенство бил Динг Жунхои, но во 2016 година загуби од Марк Селби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал: Во Мајами уапсен светски шампион – претепал девојка!

Фред Керлеј, поранешен светски првак и сегашен носител на бронзен олимписки медал на 100 м…