Дома Останати Тенис Сензација на Синсинати: Анонимец од Франција го елиминираше четвртиот светски тенисер!

Сензација на Синсинати: Анонимец од Франција го елиминираше четвртиот светски тенисер!

Во текот на изминатата ноќ, речиси ги добивме сите четвртфиналисти на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати. Со впечатливи победи на најдобрите тенисери во светот, Јаник Синер и Карлос Алкараз, станавме сведоци на неверојатна сензација.

Во раните часови, светскиот број еден, Јаник Синер, без поголеми проблеми го совлада Адријан Манарино со 2:0 во сетови. Резултатот по сетови беше 6:4 и 7:6.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


И Карлос Алкараз, кој е втор на светската ранг-листа, без проблеми го елиминираше Лука Нардо со убедливи 6:1 и 6:4.

Меѓутоа, четвртиот тенисер светот доживеа пораз. Во една од најголемите сензации годинава, францускиот аутсајдер Теренс Атмане (136. АТП) го совлада четвртиот играч на светот Тејлор Фриц, и тоа на неговиот домашен терен.

Атмане славеше со 2:1 во сетови, 3:6, 7:5 и 6:3, правејќи голем пресврт за најзначајната победа во неговата кариера. Натпреварот траеше точно еден час.

Колку и да звучи неверојатно, Атмане во 2025 година одигра само пет натпревари на АТП турот, со учинок 1-4. Ова е само неговата втора победа на големите турнири сезонава, победувајќи го четвртиот фаворит на турнирот.

Во полуфиналето го очекува седмиот носител на турнирот, Холгер Руне, и нему ќе му биде потребна уште една сензациија за да продолжи да го испишува најубавото поглавје на овогодинешниот Мастерс во Синсинати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Судијата го налути Алкараз: Не сум јас виновен! (Видео)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се најде во дебата со судијата Грег Аленсворт. Аленсворт …