Дома Фудбал Семењо има клаузула која би го олеснила трансферот уште во јануари

Семењо има клаузула која би го олеснила трансферот уште во јануари

Крилото на Борнмут Антоан Семењо, кој е поврзуван со повеќе водечки клубови во Премиер лигата, има клаузула за ослободување во својот договор, што би го олеснила трансферот уште во зима.

Според “Би Би Си”, клаузулата изнесува 65 милиони фунти и може да биде активирана само во првите две недели од јануарскиот трансферен прозорец, за да има можност потоа неговиот сегашен клуб да најде замена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од почетокот на сезоната, Ганецот се претставува многу силно и веќе има шест гола и три асистенции во Премиер лигата. Само Ерлинг Холанд (11) и Игор Тијаго (8) имаат повеќе голови. Ова привлече сериозен интерес кон него, со најчеста гласина за желбата на Ливерпул да го ангажира како долгорочна замена за Мохамед Салах. Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Арсенал исто така се поврзуваат со 25-годишниот фудбалер. Борнмут го ангажираше за само 10 милиони фунти во јануари 2023 година.

Семенјо потпиша нов договор со „црешите“ летово и е обврзан со клубот до 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков циркус: Вардар сега објави дека го продал Мато во САД!

Ситуацијата околу иднината на Роџерс Мато во Вардар доби епитет на вистинска трансфер-сага…