Дома Фудбал Сега и официјално: Манчестер Јунајтед се ослободи од Андре Онана

Сега и официјално: Манчестер Јунајтед се ослободи од Андре Онана

Манчестер Јунајтед потврди дека во четврток навечер Андре Онана замина на едногодишна позајмица во турскиот Трабзонспор.

Иако финансиските детали од договорот не се објавени, јасно е дека ваквиот потег е од интерес на клубот и голманот, кој сака редовно да игра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Онана пристигна во Јунајтед во летото 2023 година, но не успеа да ги оправда најголемите очекувања. Камерунскиот голман често беше критикуван поради несигурни одбрани и многубројни грешки, па и самиот увидел дека е подобро да брани во клуб каде што ќе има континуитет, отколку да чека шанса на клупата на Олд Трафорд.

За време на престојот во Манчестер, одигра 102 натпревара, прими 150 голови и само во 24 натпревари ја зачува својата мрежа. Оваа сезона играше во Англискиот куп, каде во еден натпревар прими два гола, што дополнително ја зацврсти одлуката дека му е потребна промена на средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Подобар е од Ѓулер: Флик бара млада ѕвезда, Барса мора да плати најмалку 80 милиони евра

Германскиот тренер Ханси Флик сака да го засили нападот на Барселона, а интересно е што ви…