Дома Фудбал Сега е вистинско време да се потсетиме: Ова е изјавата поради која Чави беше избркан од Барселона

Сега е вистинско време да се потсетиме: Ова е изјавата поради која Чави беше избркан од Барселона

Барселона и во 2025 година влезе со бројни проблеми, а можеби токму денес е право време да се потсетиме што рече Чави Ернандес и поради кои зборови доби отказ.

Иако првобитно беше соопштено дека останува и дека ја сменил одлуката откако претходно даде оставка, до крајот на сезоната се предомисли. Меѓутоа, се предомисли и Жоан Лапорта кој одлучи да се раздели клубот со својата легенда.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Најмногу до тоа доведе песимистичкиот став на Чави и јавното изнесување за тешката финансиска состојба во клубот.

“Ќе повторам, состојбата во клубот е исклучително тешка. Не сме во добра состојба и немаме потребни услови да се натпреваруваме на највисоко ниво. Повторувам, состојбата никогаш не била ваква, во моментот Барселона е далеку од потребното ниво и навивачите тоа мора да го знаат и да го прифатат”, изјави Чави во мај.

По оваа конференција, Жоан Лапорта се разбесни и одлучи да го отпушти Чави.

Шест месеци подоцна, Барса не е во можност да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната и натпреварувањето во Ла Лига. Прилично е јасно дека Лапорта повторно ја изиграл јавноста, тој се повлекува со ризични потези кои го рушат угледот на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…