Дома Фудбал Седмиот најбогат човек во светот вложува во Реал Мадрид

Седмиот најбогат човек во светот вложува во Реал Мадрид

Францускиот мултимилијардер Бернар Арно, кој стои на чело на модната империја LVMH, заедно со американската глобална инвестициска фирма “Сикс Стрит Партнерс” размислуваат за вложување во Реал Мадрид, откако претседателот на клубот Флорентино Перез навести дека малцински дел од сопственоста ќе биде понуден за продажба.

Оваа информација е пренесена од шпанскиот „vozpopuli.com“, кој објави дека Перез проценува дека целокупната пазарна вредност на Реал изнесува повеќе од 10 милијарди евра, а на продажба е околу пет проценти од акциите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Што се однесува до 76-годишниот Арно, тој се смета за седмиот најбогат човек според листата на магазинот „Форбс“. Вредноста на конгломератот кој вклучува луксузни брендови како Луј Витон, Кристијан Диор, Булгари, Живанши, Дом Перњон и други, достигнува околу 184,4 милијарди долари.

Она што е интересно е дека Реал сега ја отвара вратата за странски инвеститори, бидејќи Перез ја турна во позадина идејата на директорот Хозе Анхел Санчез шпанските финансисти да бидат главни, слушајќи го советникот од Мароко, Анас Лаграри, кој се спомнува како главен кандидат за претседател на Реал по Перез.

Перез планира да го претстави овој предлог пред локалната управа на клубот средината на декември. Овој модел на сопственост подразбира дека инвеститорите ќе добијат акции, но нивниот удел нема да биде доволнно голем за да донесе клучни одлуки во клубот.

Во контраст со оваа ситуација, Арно и неговото семејство контролираат повеќе од 50 проценти од ФК Париз, што му дава значаен влијание во француската Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола се изввини за своето однесување по поразот од Њукасл: Се чувствувам непријатно и засрамено

Менаџерот на Манчестер Сити Жозеп Гвардиола потврди дека екипата моментално го заборави по…