
Едвај го фати ритамот и се врати на големата сцена, но Нејмар ќе мора повторно на пауза.
Веќе искусниот и прославен бразилски напаѓач во претходниот натпревар не беше во составот на Сантос, а причината е новата повреда. Нејмар не се чувствуваше подготвен и не беше ни на клупата.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Бразилецот се пожали на болки кои ги чувствуваше неколку недели, но овој пат го спречија да игра за Сантос претходната вечер. Поранешниот фудбалер на Барселона беше на прегледи кои покажаа дека треба да паузира.
По пропуштениот натпревар, Нејмар се огласи:
„За жал, последниве недели чувствував болка… Навистина сакав да и помогнам на екипата, но тестовите утрово покажаја дека повторно чувствувам болка,“ рече познатиот Бразилец.