Дома Фудбал Се „тресе“ Франција: Ѕвезда на ПСЖ се соочува со 15 години затвор поради напад врз девојка?!

Се „тресе“ Франција: Ѕвезда на ПСЖ се соочува со 15 години затвор поради напад врз девојка?!

Главната вест која денес го шокираше француското спортско општество никого не остави рамнодушен. Фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими, според зборовите на угледниот весник “Ле Парисиен” се наоѓа во центарот на голем скандал поради кој е покрената судска постапка, по тоа што го тужела 24-годишна девојка поради наводен напад без нејзина согласност.

Сè според зборовите на споменатата девојка се случило во февруари 2023 година, кога започнала да се допишува со познатиот фудбалер преку социјалната мрежа Инстаграм. Потоа, тие се сретнале по еден месец во неговиот стан еден петок во населбата Булоњ-Биланкур.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Подоцна се наведува дека Хакими ја бакнувал девојката во уста, по градите, и ја соблекол без нејзино одобрување. Девојката се противела и се обидела да се ослободи, но не успеала и фудбалерот наводно продолжил да прави исто. На крај, физички успеала да се ослободи со ногата, по што побегнала од местото и испратила порака на пријателот да дојде по неа.

Ако се потврди дека навистина се случило силување и напад врз девојката, Ашраф Хакими се соочува со казна затвор до 15 години.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од „Енфилд“! Робертсон си заминува од Ливерпул, во јануари потпишува договор со нов клуб!

Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување прет…