Дома Фудбал Се пополнуваат местата: Веќе се познати 23 кои ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона

Се пополнуваат местата: Веќе се познати 23 кои ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона

Фудбалската сезона во поголемиот дел од европските држави се ближи кон завршница, што значи сè поголем број клубови веќе го потврдија своето учество во Лигата на шампиони за претстојната сезона.

Досега, 23 од вкупно 36 места се резервирани од клубови од десет различни земји, а најновото име на оваа листа е Галатасарај, кој со освојување на турското првенство си обезбеди влез во елитата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Од Шпанија доаѓаат пет преставници: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао и Виљареал, а од Германија четири тима – Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд.

Во Англија веќе се познати два учесника, Ливерпул и Арсенал, а остануваат уште две места. Од Италија се квалификуваа Наполи, Интер и Аталанта, додека пак Франција ги испраќа Пари Сен Жермен, Марсеј и Монако.

Исто така, во конкуренција се и холандските ПСВ Ајндховен и Ајакс, како и Спортинг Лисабон, Славија Прага и Олимпијакос.

Фото: UEFA
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …