
Португалската фудбалска ѕвезда Жоау Кансело повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не поради неговите движења на теренот. Видео од авион на кое се гледа како играчот на Ал Хилал губи нерви и напаѓа патник кој го снимал, брзо се прошири на социјалните мрежи.
Краткиот исечок што го прикажува триесет и едно годишниот Кансело како му приоѓа на сопатникот, го фаќа за раката и со удар го прекинува снимањето, предизвика лавина од негативни коментари и осуди на интернет против ѕвездата на саудискиот клуб и поранешен играч на Манчестер Сити, Јувентус, Барселона, Баерн и Бенфика.
🚨🤬 Жоау Кансело играч на Ал Хилал и Португалија 🇵🇹
— Topskills Sports UK (@topskillsportuk) 14 Декември 2025
Напаѓа патник кој го снимал. #AlHilal
pic.twitter.com/8B8IS99vC3
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сепак, наскоро се откри дека целата ситуација била само несполучлива шега. Подолжната верзија на снименото видео, објавена на TikTok, покажа дека “нападнатиот” патник всушност е соиграчот на Кансело, Али Насер Ал-Булајхи, и дека двајцата си се смееле и се шегувале. Сам Кансело потврди дека се работи за шега објавувајќи повеќе приказни на Instagram со истото видео.
João Cancelo се шегува со Али Насер Ал-Булајхи 😭💀pic.twitter.com/kVdFd5fr0P
— SPL 🇸🇦 (@ActuSPL) 13 Декември 2025