Во шпанската јавност во последниот период често пати може да прочитаме дека актуелната сезона за Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид може да биде и последна.
Подолго време за неговите услуги е заинтересиран Бразил, кој сега изгледа одново имал обид да го убеди да седне на нивната клупа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Оваа информација ја објави новинарот Едуардо Инда кој е убеден Италијанецот ја одработува последната сезона во Мадрид.
„Фудбалскиот сојуз на Бразил уште еднаш му пристапи на Карло Анчелоти. Тие се убедени дека неговото столче во Мадрид е разничано и дека на крајот клубот ќе се раздели. Покрај Анчелоти, опција за Бразил е и Пеп Гвардиола“, истакна Инда.
Анчелоти на клупата на Реал Мадрид е од 2021 година и во изминатите три ипол години освои се што можеше да се освои во клупскиот фудбал. Сепак, сезонава за него започна со проблеми бидејќи Реал Мадрид не игра на нивото како порано.