
Најскоро и фудбалерите чии договори истекуваат на крајот од оваа сезона ќе можат безпроблемно да започнат разговори со други клубови.
Како се справуваат со ова во Манчестер Јунајтед?
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во клубот од „Олд Трафорд“ се очекуваат одредени промени во летниот трансфер период, а четиримина фудбалери сè уште не ги обновиле договорите кои им истекуваат.
Двајца се сосема сигурни за напуштање – тоа се Тајрел Маласија, кој не настапуваше многу во последните две и пол години во Манчестер, и Том Хитон, кој, најверојатно, планира да ја заврши својата кариера.
Најмногу се шпекулира за иднината на Каземиро и Хари Мегваер.
Мегваер го пронајде својот ритам кај Аморим, игра многу подобро од претходните сезони, и постои веројатност дека Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор. Сепак, формална понуда сè уште нема, што отвора можноста Мегваер да размислува и за други опции.
Каземиро е играч во кого покажуваат огромен интерес клубовите од MЛС лигата и Саудиската Арабија. Отсуството на официјална понуда од Манчестер Јунајтед ја намалува можноста за негово останување и по завршувањето на оваа сезона.
Во случајот со Бразилецот, јасно е дека ќе биде тешко да му понудат финансиски пакет од 18.2 милиони фунти годишно, што предизвикува проблеми дури и за Манчестер Јунајтед. Кога ќе се додадат и бонусите, оваа сума станува крајно нефлексибилна.