Маркус Рашфорд е главна тема на трансфер пазарот оваа сезона, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи Астон Вила.
На почетокот на месецот неколку од големите клубови на Стариот континент изразија желба да го привлечат напаѓачот, но со текот на времето секој од нив испадна од трката за неговиот потпис.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
Еден од главните проблеми е високата плата на играчот и неподготвеноста на Манчестер Јунајтед да го пушти во друга екипа, но во исто време да плаќа 50% од неговата плата.
Унаи Емери инсистира да му биде доведен Рашфорд во тимот, а во овој момент е многу пореална опција позајмица отколку перманентен трансфер. Астон Вила му нуди првотимски статус на Рашфорд, кој се уште не дал зелено светло за трансферот.