Дома Фудбал Се појави ново „чудо од дете“: Европските гиганти веќе се во трка за неговиот потпис – треба да платат 42 милиони евра!

Се појави ново „чудо од дете“: Европските гиганти веќе се во трка за неговиот потпис – треба да платат 42 милиони евра!

Претседателите на Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и Арсенал работат на тоа аргентинскиот 17-годишен офанзивен играч од средниот ред Франко Мастантуоно да го избере нивниот клуб за продолжување на кариерата. Талентираниот тинејџер веќе одигра 47 натпревари за првиот тим на Ривер Плате, со кој е договорен до крајот на декември 2026 година.

Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 42 милиони евра, и речиси сигурно е дека во летниот преоден рок ќе дознаеме каде ќе ја продолжи кариерата, објавија во вторникот британските медиуми.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона веќе контактирале со менаџерската агенција која го застапува младиот Аргентинец со италијанско потекло, а вестите нетрпеливо ги очекуваат и англиските гиганти Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и Арсенал. Британските медиуми тврдат дека Ливерпул се најупорни и дека на речиси сите натпревари на Ривер и аргентинската репрезентација за играчи под 20 години, нивните скаути го следат младиот плејмејкер.

Левоногиот Мастантуоно главно игра како класичен плејмејкер, но е опасен и како десно крило. Стручњаците го истакнуваат неговиот дриблинг, магичниот преглед на играта за еден 17-годишно момче, како и одличниот удар. Се восхитуваат на неговите прецизни слободни удари, а ако почне да игра повеќе како десно крило, му предвидуваат и сјајна голгетерска иднина.    

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал стана првиот фудбалер кој пости и ќе игра за шпанската репрезентација

Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал, ќе стане првиот фудбалер во историјата на репрезент…