Дома Трансфер зона Се појави нов претендент за потписот на Рашфорд

Се појави нов претендент за потписот на Рашфорд

Маркус Рашфорд е главна тема на трансфер пазарот оваа сезона, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи Астон Вила.

На почетокот на месецот неколку од големите клубови на Стариот континент изразија желба да го привлечат напаѓачот, но со текот на времето секој од нив испадна од трката за неговиот потпис.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Еден од главните проблеми е високата плата на играчот и неподготвеноста на Манчестер Јунајтед да го пушти во друга екипа, но во исто време да плаќа 50% од неговата плата.

Унаи Емери инсистира да му биде доведен Рашфорд во тимот, а во овој момент е многу пореална опција позајмица отколку перманентен трансфер. Астон Вила му нуди првотимски статус на Рашфорд, кој се уште не дал зелено светло за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Гигантите од Манчестер се „тепаат“ за ѕвездата на Аталанта

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентати…