Дома Фудбал Се огласи Душан Влаховиќ! Со необична илустрација ја опиша операцијата во Лондон /ФОТО/

Се огласи Душан Влаховиќ! Со необична илустрација ја опиша операцијата во Лондон /ФОТО/

За помалку од една недела видовме како двајца од најважните играчи на Јувентус претрпеa повреди поради кои мораa да одат на операции. Најпрво, Душан Влаховиќ за време на викендот здоби сериозна повреда на адукторниот мускул, а потоа, три дена подоцна, Фредерико Гати го повреди менискусот на коленото.

Победите во двата натпревари беа позитивни, но повредите фрлија сенка врз тие триумфи. А сега имаме и претстава колку отприлика двајцата ќе бидат надвор од теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Влаховиќ нема да се врати до март по операцијата, така што сега е на Давид и Опенда да ја искористат оваа шанса.

Влаховиќ се огласи со илустрација на Гоку и порака дека сè поминало добро.

“Операцијата помина успешно! Ви благодарам на сите за грижливите пораки и поддршката. Ве сакам и се гледаме наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо заминува од Челси: Реал и ПСЖ го сакаат за „астрономска” сума

Челси го промени ставот за Енцо Фернандес (25) и е подготвен да го одобри неговото заминув…