Дома Фудбал Се огласи Донарума по страшната повреда на Мусиала: „Се молам за тебе и ти посакувам брзо закрепнување“.

Се огласи Донарума по страшната повреда на Мусиала: „Се молам за тебе и ти посакувам брзо закрепнување“.

Страшната повреда на Џамал Мусиала ја засени четвртфиналната средба на Светското клупско првенство, каде што ПСЖ го победи Баерн со 2:0 и се пласираше во полуфиналето против Реал. Во трета минута од судиското продолжение на првото полувреме, голманот на ПСЖ, Џиџи Донарума, интервенираше за да ја фати топката пред Мусиала, така што ненамерно налета на него и падна. Германецот се здоби со сериозна повреда и мораше да го напушти натпреварот, додека италијанскиот голман беше во солзи. Целиот стадион беше во шок, бидејќи повредата очигледно беше тешка.

Следниот ден, црните претпоставки се исполнија. Лекарските прегледи потврдија дека младиот играч на Баерн нема да настапува во наредните четири до пет месеци.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа е голем удар за Баерн и за младата ѕвезда на тимот. Офанзивниот играч за врска, Мусиала, и покрај својата возраст, веќе одиграл 207 натпревари за Баерн, постигнувајќи 64 гола и асистирајќи за 39. Вредноста на пазарот, според Трансфермаркт, му е проценета на 140 милиони евра.

Голманот и капитен на Баерн, Мануел Нојер, го критикуваше Донарума: „Тоа беше ситуација во која немаше потреба да се реагира на тој начин. Беше ризично. Му пристапив и му реков: Зарем не сакаш да одиш и да го посетиш нашиот играч? Секој заслужува почит, а тоа значи да му пријдеш и да му посакаш сè најдобро. Дури тогаш тој така постапи. Фер-плејот е секогаш важен. Јас би реагирал поинаку.“

Донарума подоцна му посветил објава на Мусиала на Инстаграм: „Се молам за тебе и ти посакувам брзо закрепнување.“ Според RMS Sport, Донарума му испратил неколку пораки на Мусиала и се обидел да го контактира по натпреварот, но Германецот веќе бил во болница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва се најголемите губитници во квалификациите за Светското првенство: Во последното коло влегоа како лидери, на крај останаа и без бараж!

Африканските квалификации за Светското првенство завршија вчера, а дознавме кои се деветте…