Дома Фудбал „Се надевам дека фудбалерите нема да спијат“: Ново шоу на Жозе Мурињо

„Се надевам дека фудбалерите нема да спијат“: Ново шоу на Жозе Мурињо

Фудбалерите на Бенфика беа поразени од Брага со 3:1 и елиминирани од Купот на Португалија, а тренерот на овој тим Жозе Мурињо, го имаше своето шоу на прес-конференцијата.

– Се надевам дека играчите нема да спијат по ваков натпревар – започна Мурињо и продолжи во еден здив:

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


– Не можам да кажам дека Брага заслужи да победи, можам да кажам дека ние заслуживме да изгубиме. Ние бевме тие што одигравме ужасно прво полувреме. Од моментот кога Жоау Пињеиро свирна пенал за Брага за прекршок надвор од казнениот (ВАР потоа ја смени одлуката на судијата), наместо позитивна реакција на таа ситуација, нашата реакција беше негативна. Бевме нервозни, губевме топки и правевме некои неверојатни потези. Залазар (стрелецот на вториот гол за Брага) го искористи просторот кој моите играчи му го оставија пред вториот гол. Ужасно прво полувреме во секој смисол. Со толку многу технички грешки делуваше како да направивме лоша тактичка анализа, но мислам дека тоа не беше случај. Неопределена игра на мојот тим во секој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…