
Во петок од 9.30 часот по српско време на “Род Лејвер арена” ќе излезат најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и актуелниот освојувач на гренд слемот во Мелбурн Италијанецот Јаник Синер.
Организаторите одлучија дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Синер да биде во идеален термин за гледачите во Европа и му дадоа предност во однос на второто полуфинале во кое од 4.30 часот по наше време ќе се сретнат првиот тенисер во светот Карлос Алкараз и Германецот Саша Зверев.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ова ќе биде единаесетти судир помеѓу 38-годишниот Ѓоковиќ и 14 години помладиот Синер. Десеткратниот освојувач на Австралија опен славеше четири, а Италијанецот шест пати.
Синер е во серија од пет последователни победи против најголемиот досега, а Новак ќе има можност да му се реваншира на омилениот турнир и во недела да се бори за својата 25-та гренд слем титула.