Дома Фудбал Сè е подготвено за големиот спектакл за Скудетото: Наполи или Интер?

Сè е подготвено за големиот спектакл за Скудетото: Наполи или Интер?

Сè е подготвено за големиот спектакл и завршницата на сезоната во Италија. Наполи или Интер?

Сè укажуваше дека ваквиот расплет на сезоната во италијанското првенство ќе се одвие. Во текот на целата година постоеја два кандидати – еден од богатиот север на Италија, другиот од посиромашниот југ на оваа земја.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Три кола пред крајот на првенството беше речиси сигурно дека Наполи ќе ја освои титулата. Три бодови повеќе со многу полесен распоред во однос на главниот конкурент, но сè тоа сепак се промени.

Наполи на свој терен одигра лошо против Џенова и освои само бод, додека Интер го совлада незгодниот Торино на гости и се приближи на само бод заостанок. Нервоза навлезе во редовите на тимот на Антонио Конте, а тоа се забележа и во предпоследното коло.

Наполи никако не можеше да постигне гол против Парма. Како што мечот се ближеше кон крајот, нервозата сè повеќе растеше, додека од другата страна Интер играше дерби со Лацио.

ШТО СЕ СЛУЧИ ТОГАШ?

Лудило, можеби најдобриот збор што го опишува случувањата на крајот на двете утакмици. Интер водеше до 90. минута, Наполи во тој момент играше нерешено што значеше дека „Нераѕурите“ го преземаат врвот на табелата едно коло пред крајот. Тогаш направи пенал, а Лацио изедначи.

Тоа не беше сè. Практично во истиот момент на „Џузепе Меаца“ беше поништен гол на Интер по интервенција на ВАР, исто така и на Наполи беше поништен пенал што би им донел сигурно титула.

ШТО НÈ ОЧЕКУВА?

Интер ќе оди на пат и ќе игра со Комо на гости во последното коло. Тимот кој го предводи Сеск Фабрегас одигра фантастична прва сезона во Серија А, а не може ни нагоре, ни надолу. Од друга страна, Наполи за титулата игра против Каљари пред преполнетиот стадион „Диего Армандо Марадона“.

Познато е дека дури 400.000 луѓе побарале карта за овој натпревар, па дури ниту седум стадиони на Наполи не би биле доволни за сите навивачи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aдеми ова лето ќе замине од Динамо: Познато и каде ќе продолжи?

Капитенот на Динамо, Аријан Адеми, набргу треба да замине од клубот. Откако се врати во Ди…