Дома Фудбал Сцена која ги загрижи навивачите: Откриена причината за прблемите на Ѓоковиќ (Фото)

Сцена која ги загрижи навивачите: Откриена причината за прблемите на Ѓоковиќ (Фото)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми го помина првото коло на УС Опен, но неговите обожаватели ги загрижи можниот сериозен проблем со плускавецот на стапалото.

Ѓоковиќ ја започна новата трка за Гренд Слем титула со победа над домашниот тенисер Лернер Тиен, кој го победи со 3:0 (6:1, 7:6 и 6:2).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако освои лесна победа, сериозна загриженост поттикнаа неговото стапало и проблемот со плускавецот кој го примора на медицинска пауза за време на првото коло.

Проблемот со плускавците му задаваше проблеми и на претходни турнири, влијаејќи на неговите резултати. Навивачите се особено загрижени бидејќи ваквите болки може да се засилат со секој натпревар, како што се зголемуваат напорите на турнирот.

Ѓоковиќ, меѓу вториот и третиот сет, повика физиотерапевт, а за време на медицинската пауза, се дозна и зошто српскиот тенисер го побара тоа.

Во телевизискиот пренос беше прикажан плускавецот кој остави негативен впечаток и вознемирување за сите фанови. Лекарите успеаа да ја средат состојбата за да може да го заврши натпреварот, но останува прашањето како ќе биде со стапалото на Ѓоковиќ до крајот на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано го убедува Каземиро да го избере него пред Меси

Кристијано Роналдо се обидува да го убеди неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид и Манч…