Дома Останати Тенис Сцена каква што тенисот досега не видел: Играчите на раб на тепачка, публиката ги гаѓаше со шишиња (Видео)

Сцена каква што тенисот досега не видел: Играчите на раб на тепачка, публиката ги гаѓаше со шишиња (Видео)

Дејвис куп викендот низ светот донесе низа драматични сцени, од славење до контроверзи, а особено бурно било за време на дуелот меѓу Мароко и Колумбија на земјените терени во Казабланка.

Откако Колумбија избори пласман понатаму, беа видени невидени сцени. Колумбискиот тенисер Николас Мехија, во моментов 177. играч во светот, го победи Реда Бенани со резултат 6:1, 4:6, 6:2, а победата ја прослави со гест ставајќи го прстот на усните, што предизвика негодување на мароканската клупа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Следуваше размена на остри зборови меѓу членовите на двата тима, а тензиите дополнително се зголемија кога во инцидентот се вмешаа и гледачите, кои со шишиња ги гаѓале колумбиските тенисери.

И покрај бурната атмосфера, Колумбија успеа да обезбеди пласман во плеј-офот за Светската група на Дејвис купот, која е на програмата во септември.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Штета: Ѓорческа го предаде полуфиналето во Портои

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порто …