Саудиските клубови успеаа да доведат голем број познати имиња од европскиот фудбал, па нема да жалат пари за ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор.
Бразилецот бил контактиран од Фондот за јавни инвестиции во име на Министерството за спорт на Саудиска Арабија и на 24-годишниот фудбалер му понудиле да се пресели во некој од најголемите клубови и да биде заштитно лице на Светското првенство во 2034 година.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Винисиус Јуниор ова лето не го напушти Реал Мадрид, бидејќи се надеваше дека ќе ја освои „Златната топка“, но сега ја отвора вратата за трансфер во Саудиска Арабија.
Бразилецот може да добие договор вреден 1 милијарда евра, но Реал се надева дека сепак ќе пресудат спортските амбиции на фудбалерот за да остане во Мадрид.
🚨 In Saudi Arabia, they believe they still have a chance of signing Vini Jr. 🇸🇦
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 9, 2025
Real Madrid hope the player's sporting ambition will prevail.
(Source: @Relevo) pic.twitter.com/v9q9YdUYyl