Дома Фудбал Сатница од 9.000 евра: Еве каков договор одби Бруно Фернандеш за да остане во Манчестер јунајтед!

Сатница од 9.000 евра: Еве каков договор одби Бруно Фернандеш за да остане во Манчестер јунајтед!

Капитенот на Манчестер Јунајтед, кој со години наназад игра на врвно ниво, Бруно Фернандеш, одби неверојатна понуда од Саудиска Арабија.

Веќе неколку дена, Португалецот размислува за преселба во Саудиска Арабија, бидејќи првакот Ал-Хилал го исконтактирал со примамливи услови.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сепак, офанзивниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед ја одби понудата. Утрово, сите водечки светски медиуми, вклучувајќи го и Фабрицио Романо, ја потврдија веста.

Фернандеш на маса имаше неверојатна понуда од 78 милиони евра годишно.

Тоа е 6,5 милиони евра месечно, или 213.000 евра дневно. По час би заработувал неверојатни 9.000 евра.

Но, дури ниту ова не беше доволно за да го примами Бруно да се пресели во Саудиска Арабија. Ниту пак, дека неговиот менаџер, Мигел Пинхо, помина три дена минатата недела во Ријад, во обид да води директни преговори со претставниците на Ал-Хилал.

Португалецот реши да ја одбие понудата и да остане во Манчестер Јунајтед. Изгледа дека сепак не е се во парите и дека постојат играчи кои сакаат да останат во европскиот и англискиот фудбал.

Фото: Manchester United/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфинал…