
Арсенал беше на чекор од потпис со Виктор Ѓокереш, но по новите компликации службениците на лондонскиот клуб се вратиле од Португалија без постигнат договор.
Преговорите за трансферот се одложени, но Спортинг верува дека Арсенал, кој се најде под притисок да го заврши трансферот на напаѓачот, ќе го прифати секој услов, за да можат до крајот на летото да го имаат Ѓокереш во тимот за турнејата низ Азија и да се адаптира во тимот пред стартот на новата сезона.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
За Ѓокереш се навестува плата четирикратно поголема од актуелната во Лисабон. Швеѓанецот е подготвен за овој чекор и потенцирал дека нема намера да се врати во тренинг кампот на Спортинг, бидејќи е целосно фокусиран на новите предизвици.
Преговорите меѓу челниците на Спортинг и Арсенал би се продолжиле во петок, кога се очекува конечно да се постигне договорот кој е во подготвителна фаза веќе некое време.
Ѓокереш зад себе имаше успешна сезона и беше на радарот на повеќе клубови, но засега местото во Лондон изгледа како негова следна дестинација.
Речиси една година по пристигнувањето од Ковентри во Спортинг за 24 милиони евра, Ѓокереш оствари 54 погодоци и 13 асистенции во 52 натпревари минатата сезона.
Во меѓувреме, Арсенал е на чекор до реализирање на значителен летен трансфер, каде што ѕвездата на Премиер лигата вредна 52 милиони евра е следниот голем потпис.
Топчиите се блиску до договор со плејмејкерот на Кристал Палас, Еберечи Езе. Очекувањата се дека 27-годишниот англиски репрезентативец ќе стане дел од составот на Емирејтс.