Дома Фудбал Сантос повеќе нема да биде дом за Бразилецот, Нејмар инсистира на враќање во Европа

Сантос повеќе нема да биде дом за Бразилецот, Нејмар инсистира на враќање во Европа

Бразилецот Нејмар би можел да се врати во европскиот фудбал во јануари, откако ќе стане слободен играч и ќе има право без компензација да премине во нов клуб, пренесува Газета дело Спорт.

Како што се наведува, Нејмар беше понуден минатото лето на миланскиот Интер и Наполи, но договор не беше постигнат поради загриженост од двете екипи за неговата физичка подготвеност.

Претставникот на играчот Пини Захави разговарал со италијанските клубови уште во април и мај, но Бразилецот во тој период доживеа нова повреда на мускулите, што ги стопираше преговорите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Интер беше фокусиран на завршницата на сезоната и планирање на тактичките промени, додека Наполи, иако тренерот Антонио Конте беше запознаен со можноста за трансфер, се откажа од истите причини – ризикот од нови повреди.

Нејмар ќе стане слободен играч на 31 декември и веќе од јануари ќе може да се приклучи на било кој клуб, вклучително и оние од Серија А, доколку има слободно место за играчите надвор од Европската унија.

Според наводите на Романо, односите помеѓу Захави и италијанските клубови останале “многу добри”, па се очекува Нејмар повторно да биде понуден на Интер, Наполи и уште некои европски екипи за време на зимскиот преоден период.

Триесет и тригодишниот фудбалер е одлучен со враќањe во натпреварувачки ритам да обезбеди место во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети: Брегот на Слоновата Коска на неверојатен начин дојде до пласман на СП!

Во последното коло од групата Ф на африканските квалификации за Светското првенство, репре…