Дома Фудбал Сане прифаќа помала плата само за да остане во Баерн Минхен

Сане прифаќа помала плата само за да остане во Баерн Минхен

Единаесет голови, пет асистенции и типична неконзистентност – тоа е резултатот на Лирој Сане во актуелната сезона во дресот на Баерн.

Баерн често од 2020 година кога Сане им пристигна од Етихад беа принудени да предвидуваат каква верзија на него ќе добијат на теренот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Новинарите на „БИЛД“ Кристијан Фалк и Тоби Алчефл тврдат дека раководителите на Баерн ја почитуваат посветеноста на Сане, и дека самиот играч е подготвен да прифати „финансиско намалување“, за да продолжи да игра за најтрофејниот германски клуб.

Откако Баерн летото 2020 година плати 49.000.000 евра на Манчестер Сити за доаѓањето на Сане, Германецот одигра 216 натпревари, постигна 59 и намести 54 голови.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува 120 милиони евра за двајца играчи од средината на теренот

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на двајца играчи од …