Сан Марино, најлошата репрезентација на светот според табелата на ФИФА, каде е на последното, 210. место слави историски успех.
Со победата над Лихтенштајн од 3:1, што е само втора победа во официјален натпревар во нивната историја, а првата беше исто така против Лихтенштајн (1:0) во септември, Сан Марино обезбеди пробив од најниската, Д до Ц Лигата на нации.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, пласманот во Лига Ц од најновото натпреварување на УЕФА не е се што успеа Сан Марино со оваа победа за најголемиот фудбалски успех во историјата на таа земја.
Football Meets Data, платформа специјализирана за фудбалска статистика, открива што изгледа неверојатно: „Сан Марино би можел да биде на само два натпревари од квалификациите за Светското првенство во 2026 година!“ и објаснува како тоа е можно.
Како е можно ова?
If you thought this day couldn't get more crazy, check this out:
— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 18, 2024
‼️ San Marino 🇸🇲 may be only 2 games away from qualifying to the 2026 World Cup ‼️
How is that possible?
Best 4 UNL group winners who do not finish Top 2 in their WC qualifying group will go to WC play-offs.
If… pic.twitter.com/np9ceMgKCE
„Четирите најдобри победници во групите од Лигата на нации, кои не ја завршуваат квалификациската група за СП на едно од првите две места, одат во плеј-офот за Светското првенство.
Доколку во квалификациите за СП првите две места во групите ги заземат репрезентациите од првиот и вториот шешир (очекувано), места во плеј-офот би добиле Македонија, Северна Ирска, Молдавија и Сан Марино.