Дома Фудбал Само во Бугарија – молитва на теренот, па претепување на делегат!

Само во Бугарија – молитва на теренот, па претепување на делегат!

Тешко дека дуелот од 21-то коло на бугарскиот шампионат меѓу Локомотив и Септември би привлекол наше внимание доколку немаше неколку необични детали.

Гостите од Софија победија со резултат од 1:0, што очигледно ги налути домашните навивачи кои во последните моменти од натпреварот влегоа на теренот и го повредија делегатот на натпреварот, кому поради последиците од тепањето му прокрвави носот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


А самиот почеток на натпреварот не наговестуваше такво сценарио бидејќи сѐ започна со Божји благослов.

Буквално, бидејќи домаќините ја прославија годишнината на клубот со молитва која на теренот пред почетокот на натпреварот ја произнесе свештеник.

Изгледа дека во бугарскиот фудбал никогаш не е досадно…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија ја чека казна пред мечот против Албанија!?

По скандалозните настани на стадионот „Рајко Митиќ“, речиси е сигурно – Србија ќе ја прече…