
Чаби Алонсо од понеделникот повеќе не е тренер на Реал Мадрид. Тој беше сменет ден по поразот од 3:2 против Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Новиот тренер е Алваро Арбелоа (42). Од Чаби се простија на социјалните мрежи речиси сите играчи на Реал. Во статусите кои ги напишаа по тој повод, изразуваат почит кон Чаби и неговото знаење, како и жалење што нема да соработуваат повеќе.
Шпанските медиуми истакнуваат дека е индикација што само три играчи не се простија од сменетиот тренер. Тоа се Винисиус, Трент Александар-Арнолд и Франко Мастантуоно. За Бразилецот тоа беше очекувано, бидејќи пред два месеца поведе бунт против тренерот. Потоа тој и Чаби се обидоа да покажат дека го поправиле односот, но никој не им веруваше.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Александар-Арнолд беше доведен од Ливерпул како нов десен бек, но повредата го исфрли од тимот токму кога Алонсо почна да му дава шанси. Мастантуоно е млад (18) играч од средниот ред кој летово дојде од Ривер Плата за 45 милиони евра. Под водство на Чаби одигра 17 натпревари, од кои 10 како стартер.