Дома Фудбал Салах не е единствен: Ливерпул ќе потпише договор со уште една ѕвезда

Салах не е единствен: Ливерпул ќе потпише договор со уште една ѕвезда

Мохамед Салах, според последните информации, ги договорил условите за новиот договор со Ливерпул, а изгледа дека „црвените“ се на прагот да потпишат со уште еден од клучните фудбалери.

Во моментов, Ливерпул е во ситуација да преговара со најважните фудбалери за нови договори.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Мохамед Салах, изгледа, е решен случај, а сега претстојат преговори и со Ван Дајк и Александер-Арнолд.

Сепак, додека тие тројца се во процес, Ливерпул изгледа го договорил потписот на уште еден важен играч.

Како што објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, на прагот на нов договор е Ибрахима Конате.

Овој 25-годишник во моментот е повреден и надвор од составот, но „црвените“ работат на тоа да ја продолжат соработката со него.

Неговиот договор на „Енфилд“ трае до јули 2026 година, но без оглед на тоа, Ливерпул сака да го осигура на подолг рок.

До сега има настапено за Ливерпул на 108 натпревари, и има постигнато пет гола со три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома сонува да го врати Салах

Рома планира да го искористи јануарскиот трансферен прозорец на начин кој ќе ги зголеми се…