Дома Фудбал Салах изедначи рекорд на Агуеро и Кејн

Салах изедначи рекорд на Агуеро и Кејн

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах денес беше прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во февруари. Салах го освои признанието за играч на месецот по седми пат во својата кариера, со што изедначи рекорд поранешниот напаѓач на Тотенхем, Хари Кејн и некогашниот фудбалер на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, пишува на официјалниот сајт на Премиер лигата.

Ова е првпат од сезоната 2022/23 еден играч да го освои признанието за најдобар играч на месецот повеќепати во една сезона, бидејќи Салах беше избран и за најдобар играч во ноември. Египетскиот напаѓач минатиот месец на шест натпревари на својата екипа во Премиер лигата постигна шест гола и четири асистенции. Салах со својот гол и асистенција во дуелот против Манчестер Сити стана првиот играч во историјата на Премиер лигата што запиша гол и асистенција на двете средби против актуелниот шампион.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Салах досега одигра 29 натпревари во Премиер лигата оваа сезона и постигна 27 гола и 17 асистенции, со што му помогна на Ливерпул да биде прв на табелата со 15 бода повеќе од второпласираниот Арсенал.

Главниот тренер на Евертон, Дејвид Мојс, беше прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата во февруари. За Мојс, ова е 11-ти пат во кариерата да го освои признанието за најдобар тренер на месецот, со што се изедначи со главниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на вечната листа. Признанието повеќепати го освоија само Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер.

Евертон минатиот месец остана непоразен во Премиер лигата со две победи и три ремија, од кои едниот беше во градското дерби против Ливерпул. Мојс загуби само една утакмица откако на 11 јануари го презеде тимот на Евертон, кој сега се наоѓа на 15. место на табелата со 16 бода повеќе од Ипсвич, кој е на највисоката позиција во зоната за испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи спремаат голема трампа

Со летниот трансфер период на повидок, Манчестер Јунајтед е фокусиран на зајакнување на св…