
Фудбалерот на Барселона, Рафињa, гостуваше во емисијата „A guest and a half“ на Јутјуб каналот „Софаскор“, каде што преку интересен формат зборуваше за играчите и тренерите со кои соработувал во текот на кариерата.
Зборовите на Рафиња привлекоа посебно внимание кога се спомна Ламин Јамал, особено бидејќи во последно време често младиот ас на Каталонците е на мета на критики поради наводните негови навики надвор од фудбалот.
„Непрекинато е на телефон, најголем љубител на забави, постојано е заспан, секогаш доцни, опседнат е со неговата коса. Со оглед на неговите години, постојано е на телефон, што е нормално. Денешната генерација е секогаш на телефон. TikTok, Instagram, WhatsApp, музика, постојано праќа пораки, со слушалки во ушите“, рече Рафинja.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Таквите навики тешко се сметаат за идеални за професионален спортист, а Рафиња дополнително објасни како тоа влијае на рутината на Јамал во текот на денот.
„Наутро е секогаш заспан бидејќи мислам дека доцна оди на спиење. Не затоа што постојано се забавува, туку затоа што толку многу време минува на телефон, па доцна заспива. Не е нерасположен, но е тивок, не зборува многу во текот на првиот час“.
Она што е сигурно е дека додека пружа одлични настапи на теренот, нема да има проблеми што надвор од теренот не живее „идеален“ живот.