Дома Фудбал Сага Исак: Ливерпул подготвува втора понуда, Њукасл нуди нов договор

Сага Исак: Ливерпул подготвува втора понуда, Њукасл нуди нов договор

Трансфер сагата број 1 ова лето е околу Александар Исак. Најдобриот стрелец на Њукасл е на мета на Ливерпул, самиот сака да се пресели во Ливерпул, но и Њукасл сака да го задржи.

Првата понуда од околу 130 милиони евра од страна на Ливерпул била одбиена. Од друга страна, Исак јасно изрази желба пред раководството на Њукасл дека сака да замине. А на Њукасл им избегнаа сите посакувани напаѓачи (последен меѓу нив Бенџамин Шешко), па не се расположени да го пуштат Швеѓанецот.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Изгледа дека никој не е задоволен од оваа ситуација, но има уште време до крајот на преодниот рок. Ливерпул го сака Исак, тој самиот сака во Ливерпул. Но, изгледа како ножот и погаќата да се во рацете на Њукасл.

Основно за Сврите е да го задржат Исак. Но сепак, никој нема интерес да задржи играч против неговата волја, што исто така го истакна тренерот Еди Хау.

Така, како да се задржи играч кој не сака да игра? Во Њукасл веруваат дека рецепт за тоа е нов договор, значително зголемување на платата, но и вметнување на минимална клаузула во случај на продажба.

Од друга страна, ако тоа не успее, во Њукасл сакаат максимално да ја искористат ситуацијата која работи против нив. Тоа значи продажба на Исак по што повисока цена и доведување на адекватна замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал фрли 45 милиони на човек кој никогаш не стапна на терен

Реал Мадрид во 2020 година издвоил 30 милиони евра за услугите на младата бразилска фудбал…