
Селекторот на фудбалската репрезентација на САД Маурисио Покетино изјави денеска дека неговите играчи можат да направат нешто што никој не мисли дека е возможно – да го освојат Светското првенство.
„Зошто да не ние? Зошто да не ние? Зошто да не ние? Мораме навистина да веруваме дека можеме тоа. Мораме да сонуваме”, рече Покетино на прес-конференција.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во пресрет на пријателските натпревари против Белгија во сабота и Португалија во вторник, Покетино јавно ја повтори пораката што им ја предаде на играчите кога дојдоа на подготовките оваа недела. “Соништата го инспирираат реалното,” изјави тој.
Репрезентацијата на САД нема стигнато до полуфинале на Светското првенство од првиот турнир во 1930 година, а не поминала во четвртфинале од 2002. Оттогаш, тимот беше елиминиран во осминафиналето во 2010, 2014 и 2022 година, а во групната фаза во 2006 година. Репрезентацијата на САД не успеа да се квалификува на Мундијалот во Русија 2018.